Државата ќе бара екстрадиција на Груевски за упадот во Собранието


Државата ќе бара екстрадиција на поранешниот премиер кој е во бегство, Никола Груевски, за организирање на упадот во Собранието на 27. април.

Министерката за правда, Рената Дескоска, на настан организиран за функционирањето на АКМИС системот, рече дека досието е комплетирано и ќе биде испратено до унгарските власти.

– „Целокупното досие од Обвинителството и Судот стасаа минатата недела. Деновиве ќе биде испратено до Будимпешта“, рече министерката за правда денеска.

Државата веќе половина година го бара Груевски од Унгарија каде што доби политички азил.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1