Дуканова диета: Јадете колку сакате – следете само едно правило


Дукановата диета го освои светот. Благодарение на магичните зборови „Можете да јадете колку што сакате“ и ветувањата за брзо слабеење и долготрајно одржување на тежината, диетата на угледниот француски нутриционист д-р Пјер Дукан добива сè поголема популарност. Ја пренесува порталот Femina.mk

Тврдењата дека Пенелопе Круз, Џенифер Лопез и Жизел Бундхен со помош на Дукановата диета ги симнале килограмите добиени во бременоста, како и гласините дека Кетрин Мидлтон и нејзината мајка пред кралската свадба ги обликувале своите тела со помош на оваа диета, придонесоа режимот на исхрана препорачан од Дукан да стане апсолутен светски хит.

Што претставува Дукановата диета?

Дукановата диета препорачува исхрана богата со протеини и внесување на многу мали количини на масти и јаглехидрати. Таа е многу слична со диетата на д-р Аткинс и често се нарекува француската Аткинсова диета.

Темелот врз којшто Дукан ја гради диетата е таканаречениот протеински ден. Барем еднаш неделно треба да се консумираат само протеини, а д-р Дукан препорачува тој ден да е четврток.

Витка линијаДукановата диета содржи 4 фази: Напад, Крстосување, Консолидација и Стабилизација

За време на диетата можете неограничено да консумирате од дозволените типови храна, па добрата страна е што никогаш нема да чувствувате глад и не е потребно да броите калории.

Популарната книга на Дукан предупредува дека како последица на внесувањето на многу протеини и минимални количини јаглехидрати, диетата може да предизвика лош здив, запек, замор и сува уста.

Суштината на Дукановата диета

Дукановата диета се базира на 4 фази. Првите две водат до брзо намалување на тежината, а вторите две се фокусираат на долгорочно одржување на витката линија со цел изгубените килограми никогаш повеќе да не се вратат.

1. фаза: Напад

Протеини, протеини, протеини… тоа е она што Дукан го предлага како задолжителен дел од првата фаза. Препорачливо е да консумирате пилешко и мисиркино месо, а да избегнувате јагнешко и свинско. Најдобро е да ги отфрлите месото со кожа и крилцата. Исто така, дозволено е во вашата исхрана да влезат јајцата, рибата и морските плодови, сојата и немасните млечни производи (со исклучок на кашкавал).

Во текот на оваа фаза треба секој ден да консумирате минимум 1,5 литри вода, да внесувате една и пол супена лажица овесни снегулки и да пешачите барем 20 минути.

Времетраење: 1-10 дена.

Резултати: Според Дукан, повеќето луѓе остануваат во оваа фаза пет дена и губат 2-3 килограми.

Controlling-hunger-woman-eating2. фаза: Крстосување

Се вели дека оваа фаза е фаза на вистинската тежина, односно оној дел од диетата со кој треба да стигнете до посакуваниот изглед на телото. Во текот на фазата Крстосување потребно е еден ден да консумирате само протеини (како во првата фаза), потоа еден ден протеини + зеленчуци, па повторно само протеини, па повторно протеини + зеленчуци итн.

Дозволени се зеленчуци како домати, брокули, модар патлиџан, спанаќ, цвекло, краставица, кромид, тиква, печурки, ротквици, праз. Забранети се зеленчуците кои содржат скроб, како компири, пченка, леќа, грав, грашок.

Се препорачува пиење на многу вода, консумирање на 2 супени лажици овесни снегулки и 20-минутно пешачење секој ден.

Времетраење: Додека не ја постигнете посакуваната тежина.

Резултати: На секои 3 дена се слабее по половина килограм.

3. фаза: Консолидација

Откако со помош на првите две фази ќе ја постигнете посакуваната тежина, целта треба да ви биде да ја одржите и да не дозволите никогаш да ви се вратат изгубените килограми, па затоа следуваат фазите на Консолидација и Стабилизација.

Healthy-Eating-image-1Третата фаза треба да ве одврати од помислата да им се вратите на старите навики за хранење и да ве донесе до балансирана исхрана. За време на оваа фаза постепено започнете да ги внесувате во исхраната производите кои ви беа забранети претходно.

Секој ден можете да јадете неограничено количество протеини (вклучително и јагнешко и свинско месо) и зеленчуци, како и мал овошен плод, 2 парчиња интегрален леб и 1 парче сирење. И тука задолжително е пиењето на многу вода и 20-минутното пешачење.

Дукан дава можност во оваа фаза да се консумираат два свечени оброка неделно, односно двапати неделно можете да јадете апсолутно сè што ќе посакате.

Во текот на оваа фаза треба да започнете со практикувањето на протеинскиот ден, т.е. еден ден во неделата да јадете само протеини.

Времетраење: 10 дена за секој изгубен килограм во претходната фаза.

4. фаза: Стабилизација

Фазата на Стабилизација има за цел да ја одржи тежината. Авторот на диетата ветува дека иако можете да јадете сè што сакате, нема да си ги вратите килограмите ако и само ако еднаш неделно имате протеински ден (со мени како во првата фаза; на пример, во четврток), ако консумирате 3 лажици овесни снегулки дневно и ако секој ден пешачите 20 минути.

Времетраење: Цел живот.

Препораки

  • Дозволено е да користите оцет и зачини за да го подобрите вкусот на храната.
  • Можете да користите гуми за џвакање без шеќер.
  • Секојдневно земајте таблета мултивитамини со минерали.
  • Консумирајте кафе и чај без шеќер.
  • Не ја држете Дукановата диета ако имате здравствени проблеми.

 

Izvor – Femina.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1