Два пати Грција – еднаш Македонија – Нимиц неочекувано замина за Солун


Медијаторот Метју Нимиц по денешните средби со државниот врв во Скопје замина во Солун, каде ќе се сретне со грчкиот преговарач Адамантиос Василакис за да му ги пренесе информациите од разговорите што ги имал во Македонија.

nimic11Медијаторот во грчко-македонскиот спор за името Метју Нимиц по средбата со премиерот Никола Груевски изјави дека добил силно уверување оти решавањето на проблемот е врвен приоритет на македонскиот државен врв, што е охрабрување за него.

На новинарско прашање дали може да сe каже оти по две децении сега има шанса да се реши проблемот, експлицитно одговори „да“, но не сакаше да прецизира за какви идеи и предлози станува збор за, како што вели, да не го попречува процесот.

Медијаторот истакна оти е охрабрен од разговорите во Скопје и Атина и најави дека ќе ја забрза динамиката на преговори во Њујорк.

 Фото – Утрински Весник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1