Од два одвоени пожари од вчера вечерта е зафатена шума во близина на Маврови Анови.
Ветрот, ги отежнуваше напорите за ставање под контрола на огнената стихија.
Екипи составени од вработени во Националниот парк “Маврово” и полицијата се на терен и ја следат состојбата. Според информациите на СВР Тетово, огнот се појавил околу 19:30 во близина на месноста Кожа на околу два километри од Маврови Анови.
Според информациите од терен, засега не се загрозени населените места и објекти околу Мавровско Езеро. Површините, зафатени од огнот дополнително се утврдуваат, но, според првичните проценки, на повеќе од хектар гори и високо стеблеста шума.