Два смртни од 33 нови случаи годинава од хив/сида во Македонија


За десет месеци два смртни случаи на Сида во Македонија. Лекарите од Инфективна велат дека пациентите не биле навреме тестирани и на клиниката стигнале во многу напредна фаза на болеста. Тие се дел од 33-те новооткриени случаи оваа година. Епидемиолозите потврдуваат дека има рапиден пораст на инфекцијата а на секој еден потврден има два до три неоткриени случаи.infektivna1

-Не само кај нас туку и во европски рамки а и во регионот постои тенденција дека на еден потврден има 2 до 3 неоткриени и наша тенденција е тие 2 до 3 да ги намалиме, вели Звонко Миленковиќ директор на Клиника за Инфективни болести.

Стигмата за лицата со Хив инфекција се намалува а според податоци од невладините, расте бројот на оние кои прават бесплатни тестирања. Националниот координатор вели дека меѓу инфицираните нема интравенски корисници на дрога, но потврди дека голем број се инфицирале по хомосексуален пат.

-По однос на структурата на лицата, се повеќе наликуваме на запдните земји а се помалку на оние од источниот дел. МСМ популацијата е наш таргет, ризична група и тој тренд го имаме и кај нас, вели Миленковиќ

Од првиот регистриран случај во 1987 година, досега во Македонија се евидентирани 308 инфицирани со ХИВ и СИДА. Од нив 82 веќе починале.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1