Два земјотреси регистрирани утрово во југозападна Македонија


Два земјотреси со умерен интензитет утрово го потресоа југозападниот дел на Македонија, односно охридското епицентрално подрачје. Првиот посилниот земјотрес беше почувствуван во 2:01, додека вториот со послаб интензитет во 8 часот изутринава.

Според податоците на Телеметриската сеизмолошка мрежа на Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентрите на двата земјотреси се лоцирани во подрачјето меѓу градовите Охрид и Ресен.

Интензитетот на првиот земјотрес е 3,1 степени според Рихтеровата скала, со епицентар на длабочина од пет километри, додека вториот е со интензитет од 2,5 степени, лоциран на два километри во земјината кора.

Засега нема пријавени случаи на предизвикани материјални штети, освен вознемиреноста на населението во околните населени места.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1