Дваесетмина уапсени за издавање потврди за потекло и пасоши во Бугарија – Колку македонски државјани дале мито?


Колку македонски државјани дале мито за незаконски да добијат бугарско државјанство? Овој документ е неопходен за добивање бугарски пасош, а за кој, нашинците, наводно плаќале и до 5 илјади евра.

Обвинителството во Софија втор ден ја чешла Државната агенцијата за Бугарите во странство, која се сомничи дека на македонски државјани им издала стотици лажни потврди дека имаат бугарско потекло.Овој документ е неопходен за добивање бугарски пасош, а за кој, нашинците, наводно плаќале и до 5 илјади евра.За инволвираност во пасошката мафија, како што ја нарекоа медиумите, од денеска исплива и името на министерот за одбрана Каракачанов и лидер на бугарското ВМРО.

Поднесено е обвинение против претседателот на Државната агенција за Бугари во странство, Петар Харалампиев дека како шеф на организирана криминална група заедно со уште 20 лица земале мито за издавање на бугарски пасоши на лица кои не ги исполнувале условите. Меѓу обвинетитети е и генералниот секретар на Агенцијата.

Полицијата уапси 22 лица осомничени дека фалсификувале документи со кои Македонци, Украинци и Молдавци ваделе бугарски пасоши, информираат тамошните медиуми.

Според обвинението, групата организирала издавање на документи за бугарско потекло, без лицата реално да ги исполнуваат условите за тоа. Потоа, со овие сертификати била олеснета процедурата за добивање на бугарско државјанство во Министерството за правда.

Истрагата утврдила дека целата постапка се одвивала преку посредници во Ќустендил и Плевен кои контактирале со граѓаните на Молдавија, Украина и Македонија кои плаќале по 5000 евра за да добијат лажни сертификати за бугарско потекло. Неделно биле издавани околу 40 сертификати. Во акцијата полицијата одзела пет компјутери со официјални информации, како и документи.

Катја Матева, поранешен претседател на Одделот за државјанство во бугарското Министерството за правда изјавила дека околу 60 барања за државјанство буле одбиени, откако Интерпол ги предупредил дека против апликантите има распишано потерници.

Портпаролот на Европската комисија, Кристијан Виганд не ја коментираше истрагата, но потсети дека комисијата подготвува извештај за измами во многу земји-членки кога станува збор за доделување на државјанства на инвеститори, односно за т.н. “златни пасоши”.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1