Двајца газди на бензиски уапсени за криминал со нафта во училиштата


Ѓаол и Цандо се прекарите на осомничените во големата полициска акција против малверзациите во набавките на нафта за државни институции, кој се уапсени денеска во организираната акција на полицијата, пишува Вечер.

Како што објавува Вечер, станува збор двајца неготинчани. Ѓаолот, чие вистинско име е Анѓел е сопственик на ланецот бензински пумпи, Ангел Петрол. И тој бил уапсен пред кафуле во трговскиот центар Зебра во Скопје, пишува Вечер.

За сега приведени се исклучиво сопственици на бензински пумпи. Склучувале тендери за набавка на нафта за училиштата и градинките ширум државата.

Наплаќале една количина и испорачувале помалку со години, нема инфромации за колкава сума е оштетен државниот буџет и колку децата трпеле и мрзнеле поради недостаток на нафта.

Според Вечер во моментов нивните бензински пумпи во Неготино се под полициска блокада и се врши контрола.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1