Обама ги купил гласачите – Ромни го разоткрива


Републиканскиот кандидат за претседател Мит Ромни обвини дека претседателот Барак Обама изборите ги добил ветувајќи им разни видови на финансиска помош на неколку групи граѓани – Афро-американците, Латино-американците, жените и младите гласачи.


Ромни одржал телефонска конференција со стотина од своите најголеми донатори и поддржувачи во кампањата, во која ги изнел своите погледи на кампањата и на причините поради кои ги загубил изборите, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

– Обама користеше идеја од старите политички учебници, да се насочи кон неколку специфични интересни групи, особено афро-американската заедница, латино-американците и младите. Во секој случај беше многу дарежлив со тоа што им го даваше на овие групи.

– Претставете си само, некој што заработува 25.000, 35.000 долари годишно, ако му кажете дека од сега ќе добива бесплатна здравствена заштита, која вреди и до 10.000 долари годишно за едно семејство, и тоа ќе ја добива засекогаш, тоа е огромна работа. Слично и со латино-американските гласачи, ветувањето за бесплатна здравствена заштита, како и за амнестија за децата на илегалните доселеници, и тоа беше голем плус, изјавил Ромни, кој во текот на својата кампања предупредуваше дека САД немаат пари да ги финансираат ниту досега преземените обврски и најави дека ако биде избран за претседател ќе ги крати и приватизира државните програми.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1