Двајца лекари од Скопје се заразиле со жолтица


Лекар од Скопје е меѓу новите седум заболени од заразната жолтица кои се разболеа од хепатит А, известија здравствените власти.

oko zolticaЛекарот не е хоспотализиран на Инфективна клиника. Откако се завршени прегледите тој е пуштен на домашно лекување. Се заразил во контакт со пациент.

– Се создаде голем интерес кај медиумите дека се разболел доктор. Тој не е прв доктор што се разболел, туку втор. Се заразија и економисти, адвокати и други интелектуалци. Сакам да кажам дека од жолтица не се во опасност само граѓаните од ризичните социо-групи, туку сите – вели доктор Билјана Даниловска од Центарот за јавно здравје.

Во Скопје до денеска се евидентирани точно 107 заболени од жолтица, а дваесетина од нив се хоспитализирани на Инфективна.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1