Двајца мигранти загинаа, а десет други, од кои пет деца, се тешко повредени во сообраќајна незгода што се случи утрово на автопатот Ниш-Белград, соопшти српската полиција.
Несреќата се случила околу 4 часот близу село Дражевац, кога автомобил „Пасат” во кој илегално се превезувале 12 мигранти, удрил во заштитната ограда и се превртел. Повредените со возило од Брзата помош биле префрлени во болница во Ниш.
Мигрантите се од Сирија, Авганистан и Ирак.
– Некои од нив се уште се во животна опасност, а на еден му се ампутирани нозете, изјави директорот на нишката Служба за брза помош, Миодраг Лазиќ.