Двајца од повредените 13 навивачи се со убодни рани по телото и главата


Со тешки повреди по главата и телото двајца од повредените навивачи од Црна Гора се донесени на Хируршките клиники во Скопје. Еден од нив има убодни рани по телото и во пределот на слабините и е хоспитализиран на Клиниката за урологија, а вториот кој од удари по главата се здобил со посекотина, во моментот е во Ургентниот центар, потврдуваат за НОВА од Хируршките клиники.Screenshot_143

„Раната е сошиена, направени се снимањата и повредениот е во Ургентниот центар. Вториот повреден има убодни рани по телото и слабините и е сместен на Клиниката за урологија“, изјавија за НОВА од службата за односи со јавноста на Хируршките клиники.

Вкупно 13 навивачи од „Будуќност“(познати како варвари) биле повредени во тепачка со навивачи од Тетово, во близина на превојот Стража.Навивачите патувале во Скопје каде вечерва нивниот женски ракометен тим гостува на ЖРК Вардар. Двата автобуси се спуштале од Стража каде во близина на месноста Цреткоски мост бил паркиран автобус со кој навивачи на тетовска Шкендија (познати како Балисти) оделе за Кичево на натпревар.

Според полицијата кон црногорските автобуси почнале да летаат камења и други тврди предмети, па гостите застанале на патот. Тука почнала пресметката меѓу Црногорците и тетовците кои со конвој од 10-тина автобуси оделе кон Кичево.

По пресметката 13 те повредени црногорски државјани се однесени во гостиварската болница,а двајца од нив поради тешки и сериозни повреди веднаш се префрлени на скопските клиники. Уште двајца припадници на групата Балисти пријавиле дека се повредени.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1