Двајца полицајци и еден цивил, убиени во Универзитет во Тексас


Повеќе луѓе меѓу кои и неколку полицајци, загинаа денеска, откако над нив беше отврорен оган од страна на еден човек со пиштол, во близината на A&M универзитетот во Тексас.

„Неколкумина луѓе загинаа“, изјави репортерката Ронда Сеатон за ЦНН, додавајќи дека меѓу загинатите има и полицајци.

Полицијата го има осомничениот во притвор, според вебсајтот на универзитетот. Бројот на жртви според последните информации е 3 – еден цивил и двајца полицајци, не се знае колку има повредени.
Полицијата и претходно знаела за злосторникот и пуштила предупредување до сите во кампусот да бидат внимателни и по можност да останат дома.


Според сајтот на универзитетот, злосторникот пукал од својот дом кој се наоѓал на само два блока оддалеченост од универзитетскиот камп.

„Ни беше кажано само да седиме мирни“, изјави Кеитх Рандал, вработен во универзитетот кој за време на нападот бил во својата канцеларија.

„Ни рекоа само да останеме на местото каде што се наоѓаме“, дополни Рандал.

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1