Двајца скопјани и велешанец се крадците на парите во Велес – добија пријави


Секторот за внатрешни работи Велес во соработка со надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против Д.С. (1982) од село Бузалково-СО Велес, Ќ.А. (1990) и А.К. (1996) двајцата од Скопје, осомничени дека заедно сториле едно кривично дело „разбојништво“.

razbojnistvo-kombe145493799614549379071454937864145493781214549377411454937119_thumb_medium490_0

дума.мк

МВР денеска соопшти дека првопријавениот сторил едно кривично дело „помагање во извршување кривично дело“, а второпријавениот е осомничен дека сторил едно кривично дело „недозволено држење оружје и распрскувачки материи“.

Трите пријавени лица, се појаснува во соопштението, вчера наутро се сретнале во близина на Спомен Костурница во Велес и направиле договор за поделба на улогите при извршување на кривичното дело, за што првопријавениот им давал совети и упатства на останатите две пријавени лица.

Околу 12,20 часот првопријавениот кој се наоѓал пред Стопанска банка во Велес, телефонски ги известил второ и трето пријавениот дека возилото на агенцијата за обезбедување „Перпетуум Мобиле“ со кое се пренесуваат пари од Стопанска банка тргнало од банката.Второ и трето пријавениот кои биле поставени на автобуската постојка на улица „Алексо Демниевски“ наспроти „Пензионерскиот Дом“ во Велес, кога го забележале возилото, застанале пред него на пешачкиот премин. Второпријавениот извадил пиштол марка „Валтер“ и го вперил кон совозачот, заканувајќу му се при тоа на возачот да не вози. За тоа време, третопријавениот со рачката од пиштол- плашливец го скршил задното ветробранско стакло, земал четири касети со пари и заедно со второпријавениот трчајќи се упатиле кон нивното возило „рено еспејс“ кое било паркирано во градскиот парк.

foto - duma.mk

foto – duma.mk

Го стартувале возилото и се упатиле кон излезот од градкиот парк, но по кратко возилото застанало, и не можејќи повторно да го стартуваат го напуштиле и избегале кон напуштена куќа лоцирана во градскиот парк, каде се сокриле.

Веднаш по примената пријава, полициски службеници излегле на лице место, за кратко време обезбедено е возилото во кое се пронајдени четири метални касети во кои според пријавата на оштетените имало 4.000.000 денари, и по превземени оперативно-тактички мерки во куќа пронајдени се и лишени од слобода двајцата сторители.

razbojnistvo-kola14549377411454937119_thumb_medium490_0

дума.мк

Пријавените, се посочува во соопштението, и нанеле на Стопанска банка АД-Скопје материјлна штета од 4.000.000 денари.

Сите три пријавени лица и претходно се пријавувани за кривични дела против имотот, за што на прво и второпријавениот им се изрекувани и затворски казни, додека на третопријавениот изрекувани му се воспитни мерки.

Второ и третопријавениот со кривична пријава, ќе бидат изведени пред надлежен јавен обвинител.

Се превземаат мерки за пронаоѓање на првопријавеното лице.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1