Двајца специјалци загинаа, тројца се ранети во потрагата по Салопек!


Двајца припадници на антитерористичката специјална единица загинаа, а уште тројца се ранети, во потрагата за киднапираниот Хрват Томслав Салопек.

Египетските власти ја потврдиле смртта на специјалците кои со возило налетале на мина пставена од џихадистите од Исламска држава. Но, како што посочиле, овој немил настан нема да ја спречи акцијата и потрагата ќе продолжи со ист интензитет, јавува „Вечерњи лист“.hrvat-isil500

Египетските власти најавија дека и покрај немилиот настан истрагата сепак продолжува.

И покрај се’, и египетските и светските медиуми за киднпирањето на Салопек известуваат многу сиромашно, за разлика од известувањата за киднапираните Американци, Британци и Французи.

Во најтиражните египетски весници, и на нивната најгледана телевизија, киднапирањето на Салопек не се споменува уште од петокот, пишува „Вечерњи лист“.

Пронајдени првите докази и траги

Египетските власти веќе пронашле „некои докази“ и траги кои се испитуваат. Според нивни официјални изјави, Салопек најверојатно сеуште е жив.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1