Двајца ученици во болница – масовна тепачка пред средното ПТТ во Скопје


Двајца ученици во средното ПТТ во Скопје завршија во болница откако денеска околу 13:30 биле нападнати од поголема група ученици од средното хемиско училиште кое се наоѓа во непосредна близина. Настанот се случил на булеварот Трета македонска Бригада, пренесува Прес24.

tepackamatnoГрупата ученици-напаѓачи се обидела да избега од местото на настанот но полицијата успеала да приведе 14 од нив.

Мотивите за нападот се уште се познати. Неофицијално се дознава дека учениците од ПТТ биле од македонска националност додека пак учениците од хемиското училиште биле од албанска национална припадност, но не е познато дали тоа има некаква поврзаност со немилиот настан.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1