Дванаесет деца во Охрид инфицирани со „стрептокока“


Во последните неколку денови, зголемен е бројот на пациенти кои ја имаат бактеријата „стрептококус пиогенес“, јавува Охридњус.

streptokokaИако заклучно со 25-ти декември кај 12 лица е констатирано ова бактериско заболување, медицинските стручњаци сметаат дека поголем е бројот на заразени.

Најпогодена група од стретптококусот се децата, а утврдено е дека овие 12 случаи, всушност се најмладите кои престојуваат во охридските градинки. Станува збор за инфекција, која се пренесува преку плунката при гласно зборување, кашлање, кивање и пеење. Според специјалистот по епидемиологија од Центарот за јавно здравје, д-р Јованка Стурлакова – Коровешовска, раното откривање и правилно лекување, придонесуваат за побрзо опоравување од ова заразно заболување.

„Првите информации ни стигнаа од матичните доктори, кои утврдиле повеќе случаи на заразени деца со стрептокока. Посетени се градинките, при што е констатирано дека децата кои престојувале во овие установи се инфицирани“ вели д-р Стурлакова-Коровешовска.

Со цел спречување на евентуална епидемија, преземни се низа активности во установите каде што престојуваат најмладите. Во утринските часови, децата се проверуваат од страна  на воспитувачките и медицинскиот персонал. Доколку постои сомнение за некои заболувања, децата се испраќаат кај матичните доктори.

„Доколку децата имаат повишена температура, кашлица или излачуваат секрет од нос, се упатуваат кај матичните служби, кои ја одредуваат терапијата. Во групите каде што се најдени децата инфицирани со стрептокока, се прават контролни брисеви. Наша препорака е сите оние кои имале непосреден контакт со инфицирано лице, да ги направат брисевите. Исто така, се препорачува засилена хигиена и вонредна дезинфекција во занималните, просториите со играчки и санитарните јазли каде што се приготвува храната“  додава д-р Стурлакова – Коровешовска.

Симптомите на оваа бактерија, се манифестираат како различни заболувања. Можат да бидат како ангина, пневмонија, бронхитис и други болести.

Инкубацијата трае околу три дена, а потребно е лекување од најмалку 10 дена. „Потребно е редовно и правилно лекување. Успехот зависи од самите пациенти. Откако ќе поминат 10 дена од терапијата, се вршат повторно контролни брисеви. Неправилното и долготрајно лекување, може само да остави последици по здравјето на децата“ – завршува Стурлакова – Коровешовска

Makfaks

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1