Маж од југоисточна Франција вторпат во две години ја добива премијата од еден милион евра на лото, а според стручњаците шансите ова да се случи се еднаш во 16 трилиони.
Добитникот, чие име не е објавено, го освоил првиот милион во ноември 2016 година, но продолжил да купува лото ливчиња секоја седмица.
Продавачот од каде го купил ливчето, кое му донело нов милион во мај годинава, навел дека среќниот добитник ја примил веста без изненадувања.
– Изгледа навикнал да добива – истакна продавачот.
Наводно двојниот лото добитник ќе продолжи да игра, бидејќи верува во старата изрека „трета среќа“.