Пронајдено мртво момче во објект во изградба во Скопје


Мртвото тело на В.Ц. (29) од село Кошари, Крива Паланка, е пронајдено во објект во изградба на улицата Љубљанска во Скопје.

Како што соопшти МВР, случајот е пријавен вчера во 14.30 часот во Полициската станица Карпош од страна на Итната медицинска помош.

В.Ц. бил вработен во фирмата која изведувала градежни работи на објектот, а починал од струен удар додека ја командувал дигалката.

Телото на В.Ц. е предадено на обдукција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1