Ригорозни мерки: Само привремен престој за медицинските сестри во Германија


За да се спречи одливот на медицински сестри во странство, пред се во Германија, Министерството за здравство најавува непопуларни мерки со кои ќе настојува да го спречи заминувањето на овој медицински персонал, објави телевизија Алсат-М.

Министерството ќе побара од германското Министерство за здравство, на работниците од Македонија да им овозможува само привремена работна дозвола, а не и можност за иселување.

Инаку, веќе неколку години од Македонија постои голем одлив на медицински кадар претежно во Германија. Причина се ниските плати во земјава и лошите услови за работа.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1