Две брачни двојки повредени во сообраќајка кај Кадрифаково


Сообраќајката се случи денеска на магистралата Свети Николе – Штип, во непосредна близина на крстосницата кај светиниколското село Кадрифаково.

policijaMKDОсвен за причинетата материјална штета, полициски органи не откриваат повеќе детали како дошло до судирот на штипската „мазда“ и светиниколското „хјундаи“, со образложение дека увидот се уште не е завршен.

Во судирот има повредени, но не и загинати лица. Повредените брачни двојки од Свети Николе и од Штип, итно се пренесени во штипската клиничка болница. Штипската брачна двојка, по санирањето на повредите, е пуштена на домашно лекување. Пуштена е и жената од Свети Николе, додека нејзиниот сопруг е задржан на дополнителни прегледи.

Поради сообраќајката повеќе од еден час на оваа делница имаше застој во сообраќајот, сè додека надлежните вршеа увид, а потоа и додека коловозот не се исчисти од остатоците од искршените автомобили.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1