Не им пречиме како туристи, а инаку би ни ја цицале крвта – реакција на владата


„Не им пречи кога Македонци, Албанци или Турци им ги оставаат парите како туристи, надвор од тоа пеат дека ќе им ја ’цицаат крвта’“, ова е дел од реакцијата на македонската влада за видеото објавено пред неколку дена на кое се глед како припадници на грчките специјални пешадиски единици се мотивираат со скандирање : “ќе им ја испиеме крвта на Турците, Скопјаните и на Албанците“… „Св. Софија во Стамбол ќе биде грчка…ќе ја освоиме“.

ВИДЕО: Грчки војници извикуваат дека сакаат да пијат крв од Скопјани, Турци и Албанци

grcki vojniciВо реакцијата македонската влада најостро протестира за насилничкиот и заканувачкиот вокабулар кој го употребуваат грчките војници, наведувајќи дека тој е својствен на некои дамнешни времиња и оти ваквите чинови подгреваат меѓудржавна омраза.

„Загрижува фактот што вакви недолични и нецивилизирани појави со години се повторуваат во Република Грција, а јавноста не се сеќава дека имало официјално извинување и оградување од властите“, се наведува во соопштението од владата.

Македонското министерство за надворешни работи во петокот упати протестна нота до грчкото МНР

Инаку снимката на кој се искажува говор на омраза кон соседите од страна на припадниците на грчката армија не е прва од ваков вид. Во 2010 година на парадата по повод грчкиот национален празник, специјалците на нуркачките од нуркачките единици  скандираа: „тие се Скопјани, тие се Албанци, ќе си направам нова облека од нивната кожа“ .

Грчките власти тогаш го осудија настанот, но не се извинија. Следеше и судски процес против 39 припадници на нуркачките единици, покренат од Хелсиншкиот комитет на Грција и претставници на македонското, турското и албанското малцинство во Грција, кои дури и беа нападнати во судницата во текот на судењето, а чиј пак епилог беше двајца суспендирани војници на три месеци од армијата и 37 ослободени од обвинението.

 Во 2008 година по повода националниот празник на Грција на воена парада во Солун припадниците на клубот на грчките командоси исто така пееја анти-македонски песни, а слични скандирања имало и на воената парада во 2005 година, на кои присуствуваат грчкиот државен и воен врв, но и странски дипломати во Грција.

Најновото видео предизвика остри реакции во Албанија и во Косово, но и во Турција.

Реакции за видеото имаше и во Грција од страна на опозицијата која побара државата да реагира на ова скандалозно однесување на грчките војници, а министерот за одбрана Димитрис Аврамопулос веднаш да преземе мерки, алудирајќи дека е недозволиво во дворот да му се случува вакво нешто на човек кој е номиниран иден  еврокомесар од Грција и кој треба да се бори за европските вредности.

Во контекст на европските вредности, и во денешниот протест на македонската влада за скандалозното видео се бара Европската унија најостро да ги осуди ваквите практики и брутални изблици на најрадикален национализам во државни структури, со констатација дека Европската унија ова го премолчува и толерира, а не би требало.

Алфа ТВ

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1