Две години не е разјаснета мистеријата за Анѓел Стојанов!


И по две години од исчезнувањето на 26 годишниот велешанец Анѓел Стојанов, неговото семејство се уште живее во неизвесност.

Мајка му, ја изгубила надежта дека е жив, но не може да се соочи со болната вистина дека се уште не е расфетлен случајот. Се сеќава на последниот момент кога пред точно две години го видела Анѓел, пренесува Дума.мк.sequence-011413736752_thumb_medium490_0

„Се враќав од работа, го видов рече ќе оди кај кумот пријател му беше, отиде и веќе не се врати. И телефонот веднаш му беше исклучен, убедена сум дека е убиство, а не киднапирање како што ги осудија“, рече Весна Стојанова.

За киднапирање на Стојанов по девет години затвор добија неговите соседи татко и син Петар и Борис Нацеви. Петар призна дека го претепал, но сепак го оставил жив, синот негираше дека воопшто учествувал во инцидентот. Семејството сакаше да зборува  за како што вели неправдата кон нив, но подоцна се откажа. Пред судот велеа дека Анѓел секојдневно им вршел тортура особено врз нивната ќерка, а полицијата и покрај бројните пријави не интервенирала. Од односот на полицијата не се задоволни и Стојанови бидејќи телото не е пронајдено.

„Се сомневаме дека нешто намерно се затајува, нешто кријат инаку зошто не ни дадоа кучиња трагачи зошто тие не го бараат. Убаво си пишува и во пресудата дека не давал никакви знаци на живот кога го ставиле во гепек, зошто тогаш ги судат за киднапирање а не за убиство?“ вели Стојанова.

Во меѓувреме во велешкиот суд има постапка за прогласување на Стојанов за мртов бидејќи предолго се води како исчезнато лице. Сепак завршувањето на овие процедури нема да ја разрешат мистеријата со која веќе две години  живеат неговите родители.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1