Две години по терористичкиот напад на Брејвик


Две години по најстрашниот терористички напад во поновата норвешка историја. Две години по грозоморниот напад на Андерс Бехринг Брејвик, во кој животот го загубија вкупно 77 лица од кои 69 тијнеџери учесници на летен камп на островот Утоја.

1081111_10151514645791994_615223544_nУште од утро, улиците полека се полнеа со црвени рози во знак на поддршка на семејствата на загинатите тинеџери на Утоја и неколкумината загинати во владината зграда во центарот на Осло.

Чествувањето започна пред владината зграда каде премиерот на Норвешка, Јанс Столтенберг, положи венец свежо цвеќе.

“22 Јули е ден за запомнување и ден за жалење. На 22 Јули пред 2 години, 77 луѓе беа убиени.

Мислиме на оние кои беа повредени и на оние кои загинаа и мислиме на нивните семејства. Како нација ние секогаш ќе ја делиме тагата со Вас.”- истакна Столтенберг.

1068946_10151514645226994_1075095322_n“Настанот на Утоја беше брутален по многу начини. Таму го загубив мојот поголем брат.

Не можам да замислам да се вратам повторно во Утоја.”- изјави Хане Линакер, една од преживеаните учесници на летниот камп на Утоја пред 2 години.

Во соборната црква во Осло се одржа миса и концерт во чест на загинатите на кои присуствуваше и принцот на Норвешка Хокон и неговата сопруга Мете Марит.

Организацијата “Луѓето на Осло”, формирана само една седмица по стравичниот настан и годинава со свои пораки пред Собранието во Осло.

15048_412521578866165_2093494494_n“Никогаш да не се заборави”, ”Слобода”, ”Ни недостигате”, се само дел од пораките испратени од граѓани на Осло, но и затекнате туристи.

И покрај пресудата од 20 години затворска казна, која е воедно и најстрогата пресуда според норвешкиот закон, многумина сметаат дека Брејвик никогаш нема да биде пуштен на слобода.

Сепак грозоморниот 22 Јули не е единствен ваков настан во поновата норвешка историја, но секако е најзагрижувачки. Во третиот најголем норвечки град, Трондхеим, во абгуст 2008 година убиен е сомалиец. Неговиот егзукатор е етички норвежанец кој на својата листа работи кои треба да ги направи го крајот на својот живот било и да убие муслиман.

На 20ти Јули годинава за прв пат по страшниот терористички напад, островот Утоја беше отворен за посетители. На овој настан предходеше работничка акција на островот на која учествуваа 40тина доброволци.

За МКNews од Осло, Норвешка
Славица Савеска Кењереш

Славицa Савеска Кењереш

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1