Апелацискиот суд попладнево по одржаната јавна седница за случајот „Ликвидација“ соопшти дека генерално ја потврдува првостепената пресуда, но оти им се намалуваат казните на неколку обвинети меѓу кои и на новинарот Томислав Кежаровски.
Како што стои во соопштението, на Кежаровски му се утврдува казна затвор од две години, на Воислав Зафиров две и пол години, на Илија Танев година и пол и на Ивица Евремов три години. Борис Николовски и Сашо Лазаровски пак добија условни казни од една година доколку не го повторат делото во наредните три години.
Апелацискиот суд ги прифати и жалбите на Иле Танев и на Сабедин Џини Хофман и предметот го врати на повторно прегледување.
Кежаровски беше осуден на четири ипол години затвор за одбивање да ги открие имињата на изворите кои ги користел за серијата истражувачки текстови