Две години затвор за новинарот Кежаровски


Апелацискиот суд попладнево по одржаната јавна седница за случајот „Ликвидација“ соопшти дека генерално ја потврдува првостепената пресуда, но оти им се намалуваат казните на неколку обвинети меѓу кои и на новинарот Томислав Кежаровски.kezarovski

Како што стои во соопштението, на Кежаровски му се утврдува казна затвор од две години, на Воислав Зафиров две и пол години, на Илија Танев година и пол  и на Ивица Евремов три години. Борис Николовски и Сашо Лазаровски пак добија условни казни од една година доколку не го повторат делото во наредните три години.

Апелацискиот суд ги прифати и жалбите на Иле Танев и на Сабедин Џини Хофман и предметот го врати на повторно прегледување.

Кежаровски беше осуден на четири ипол години затвор за одбивање да ги открие имињата на изворите кои ги користел за серијата истражувачки текстови

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1