Во Белгија вечерва спречен терористички напад, тројца убиени


Тројца терористи кои подготвувале напади во Белгија се ликвидирани вечерва во полициска акција во југоисточниот град Вервие, во близина на границата со Германија и Холандија.

Белгиските власти претходно објавија дека е донесена одлука за зголемување на готовноста за акција против терористички закани на трето, предпоследно ниво.belgija-terorizam

Тројцата уапсени, кои се од арапско потекло, се вратиле минатата недела од Сирија, каде се бореле на страната на Исламска држава. Групата подготвувала терористички напад, што според белгиската полиција веќе бил во крајна фаза. Тие имале врски со Амеди Кулибали, кој беше убиен минатата недела од француски специјални единици во Париз, откако зема заложници во еврејска продавница.

Во денешната операција на белгиската полиција нема жртви на страна на полицијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1