Две лица загинаа, 500 евакуирани во поплавите во Бугарија


Поплавите во бугарскиот град Мизија зедоа две жртви, а спасувачките тимови евакуираа повеќе од 500 лица, откако синоќа надојде реката Скут, која минува низ градот, јавува бугарската новинска агенција БТА

03082014142217_Bulgaria-floodСпасувачките тимови утрово го пронајдоа безживотното тело на возрасна жителка на градот во нејзиниот дом, а претходно беше најдено телото и на 60-годишен маж, кој одбил да ја напушти својата куќа и да се евакуира.

Повеќе од 50 куќи се урнаа при надоаѓањето на реката Скут, а стотина куќи останаа под вода. Сè уште трае евакуацијата на населението со хеликоптери и чамци.

Во поплавите во Бугарија, во јуни загинаа 11 лица, а најтешко беше погодена Варна, на брегот на Црното Море.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1