Две непознати жени се сведоци на егзекуцијата на опозицискиот политичар Борис Немцов, соопшти “Комерсант”, повикувајќи се на информации од истрагата и адвокати на осомничените Чеченци.
Еден од луѓето, кој се наоѓа на мостот, на 150 метри од место на убиството на Немцов, соопштил при сослушување дека видел три жени во непосредна близина до трупот – Ана Дурицкаја која била поштедена од убијците а и уште две непознати дами .Откако Немцов е убиен, Дурицкаја останала на местото, додека другите две жени се повлекле брзо се повлекле и и се спуштиле по скалите на мостот.
Од истрагата веќе испратиле барање до руската тајни служби ФСБ и МВР дали тоа не се нивни соработнички. Оттаму одбиле дека инале свои луѓе околу Немцов. Така истрагата е веќе започната за пронаоѓање на двете жени, бидејќи ако се соработнички на енергетските структури нивното повикување како сведоци и распитувања им се невозможни.
Од сослушувањето на луѓето во ресторанот каде вечеравле Немцов и Дурицкаја станува јасно дека таму навистина имало уште две жени, освен двајцата. Така верзијата дека тие се трагата од вечерата до местото на егзекуцијата станува многу веројатно.