Две обвинителки во чии раце се најголемите случаи во Македонија


Гордана Гешковска и Вилма Русковска – две жени, први обвинителки за организиран криминал во Македонија. Во моментов ги работат најголемите судски предмети. Едната „Детонатор“ што ја стресе цела источна Македонија другата „Монструм“ што ја потресе цела држава, информира Канал5.

Двете се веќе 8 години обвинителки за организиран криминал.

Едната го исчисти „Бачилото“ на Иснифарис, ја расплетка „Пајажината“, се уште го расчистуваат струшки „Изгрев“. Другата го имаше „Змиското око“, ја спушти рампата на граничните премини, им застана на патот на шверцери со дрога.

Поради фактот што работат толку сериозни предмети и се расправаат со организиран криминал, Русковска веќе некое време на судење оди во придружба на полициски Алфи. Исто така и Гешковска поголем дел од времето е со полициско обезбедување.

За случајот „Монструм“ убиството на 4 деца и рибарот кај смиљковското езеро, Гешковска изјавила за Канал 5 дека обвинение ќе има до крајот на месецот.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1