Две верзии на катастрофата: Приказна на Србинот кој го преживеал Титаник


На своето прво патување преку океанот, на 14 април 1912 година потонал Титаник, најлуксузниот и најраскошниот брод кој светот дотогаш го имал видено. Со него, на длабочините на океанот останале и животите на стотина патници кои заминале од далечната Америка.

nikola-lulikЕден од ретките патници од трета класа кој го преживеал бродоломот бил и Никола Лулиќ.

Никола бил дете на земјоделци. Работел на нива и им помагал на родителите се’ додека не го регрутирале во австроунгарската војска. Меѓутоа, според приказната, ова момче не сакало да служи во војска која не е српска, па во 1902 година дезертирал. Бидејќи не можел да се врати дома, во потрага по леб тргнал на пат до далечната Америка. После една година работа во Минесота, Никола есента во 1911 година се вратил во родното место.

Меѓутоа, таму се’ уште тешко се живеело.

235243_titanik8-foto-rojter_ff

Никола никако не можел да најде работа, па единствен излез била повторна печалба. Со него во „белиот свет“ тргнале и неколкумина сонародници.

Судбината сакала бродот кој го избрале да биде токму Титаник.

На тој кобен ден на 14 април, патниците од трета класа не знаеле дека бродот тоне се’ додека водата не почнала да им влегува во кабините.

На Титаник имало 20 чамци за спасување, недоволно да се спасат повеќе од 2.000 патници и членови на екипажот. Најголем бес предизвикало токму тоа што, во хаосот кој настанал, чамците биле спуштани во водата полупразни.

putnici-sa-titanika-foto-wikipediaj-1389625027-426993За тоа како се спасил Никола постојат две верзии. Никола се нашол во ледената вода. Според првата верзија, на главата имал офицерска капа и поради тоа го извлекле во чамец. Една поблагородна верзија вели дека го спасил животот на дете кое паднало во водата покрај него, па мајката на детето, Норвежанка, му пружила рака и го повлекла во чамецот.

Никола можел да го види технолошкото чудо на тогашниот свет како тоне пред неговите очи. Карпатија, бродот кој дошол по преживеаните, го однел до Њујорк. После краток одмор кај роднина во Чикаго, Никола го продолжил патувањето и стигнал во рудникот во Минесота.

Овде работел до крајот на Првата светска војна, а потоа се вратил во татковината. Во новооснованата држава живеел се’ до смртта во 1962 година, на 79 години.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1