Двомесечно бебе заразено со ковид е најмладиот пациент во моментот во болницата во Козле. Поставено е на кислородна подрршка со уште едно 12 годишно дете поради претходни заболувања. Во установата има уште 19 пациенти од кои повеќе од 80 проценти се ученици и нивната состојба е стабилна. Веќе една недела педијатрите во Козле се соочуваат со зголемен број и на амбулантски и на хоспитални случаи.
-Сите пациенти кои доаѓаат кај нас и тоа во сите овие три брана, иако околу 20 проценти од нив биле во тешка состојба по лекувањето кое трае од 7 до 10 дена, заминуваат дома во добра состојба, вели Д-р. Бесник Зекири директор на болницата во Козле.
И извештајот на Инситутот за јавно здравје покажува дека најмладата популација овој период е најзагрозена од вирусот. За една недела има 135 деца до 9 годишна возраст кои имале позитивен тест што е дури за 33 проценти повеќе од претходно анализираниот период.
Веќе три недели во тек е и скринигот во училиштата во кој се опфатени 8178 деца. Досега од половина обработени тестови околу 11 од нив биле позитивни, но официјалниот извештај од Министерството за здравство ќе биде готов деновиве.
Инаку од почетокот на пандемијата досега од 0-19 години регистрирани се 17020 случаи.