Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека уште од 19 часот се излезени на терен со дополнителна механизација за справување со поплавите во Тетово и тетовско, јавува ТВ Орбис.
Водата се повлекува, но штетата која ја направи е огромна.
На терен од ДЗС Скопје веќе се излезени екипи, кои се обидуваат да го расчистат патот и да влезат во селото Шипковица, кое е отсечено поради свлечиште на патот.
Екипи од ДЗС се наоѓаа и во Мала Речица, Порој и Тетово.
Од ДЗС апелираат за смиреност кај жителите на овие села, нема потреба од паника.
Дали е потреба евакуација на населението во Шипково ќе се знае по расчистувањето на свлечиштето и влегувањето во селото.
Од другите градови немаат побарано дополнителна механизација, поради денешните поплави – велат од ДЗС – Скопје.