Британскиот премиер Дејвид Камерон најавил дека мажите во земјата ќе мора да добијат дозволи од своите сопруги ако сакаат да гледаат порнографски содржини на Интернет.
Станува збор за најавените законски измени со кои би требало за де ограничи пристап до порнографски содржини на Интернет заради заштита на децата.
Во Британија тече дебата околу предлогот двајцата сопружници да треба да дадат согласност за исклучување на специјалните филтри што оневозможуваат пристап на деца до одредени содржини од нивните компјутери. /Извор: Мондо/