Како сееш – така жнееш – Поучна приказна


Една бабичка чекала на каса во една голема самопослуга ред за да плати. Зад неа во редот стоела една млада жена со својот темпераментен десетгодишен син.

karma-1Синот постојано ја туркал количката со намирници, напред, назад, и веќе неколку пати ја удрил бабичката што стоела пред нив.

Бабичката се свртела и љубезно го замолила момчето да престане да ја удира.

Бидејќи малиот продолжил да ја удира, бабичката се обратила кон неговатам мајка:

“Зарем не можете да му наредите на вашиот син да престане да ме удира?“

Младата госпоѓа одговорила: “Не. Мојата метода на воспитување му дава слобода да прави се што ќе посака, се додека неговата свест не стигне сама до заклучок што треба, а што не треба да се прави. Оваа метода е многу ефикасна!“

Во редот зад младата жена со детето, стоел 20 годишен дечко, кој сето тоа внимателно го слушал, а во рацете држел тегла џем од рибизли. Кога дамата завршила со објаснување на својата метода за воспитување, тој ја отворил теглата и го истурил џемот врз главата на младата мајка.

Жената бесна се свртила кон момчето зад неа, а тој ладнокрвно и одговорил:

“Знаете госпоѓо, и јас сум воспитан со истата метода која дава слобода, исто како и вашиот син. И еве, ваков е резултатот!“

Старицата се насмевнала и се обратила на касиерката:

“Ве молам ставете ја оваа тегла џем на моја сметка!“

Denesen

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1