Стоковна куќа Мост стана факултет – во неа се пресели универзитетот од Тетово


Стоковната куќа „Мост“ во скопската чаршија станува универзитет.

most-519x272Во неа се сели Универзитетот на Југоисточна Европа (ЈИЕУ) од Тетово кој држи предавања и во Скопје. Веќе има 900 студенти, а според најавите од годинава ќе бидат воведени и докторски студии на ЈИЕУ во Скопје, пишува Фактор.мк.

Не случајно се наоѓа во објект што се викаше „Мост“ зашто ќе ги интегрира Македонците и Албанците и ќе ги обедини во нивното знаење и во желбата за наука.

На првото рангирање на универзитетите во Македонија пред две години, Универзитетот на Југоисточна Европа попознат како Штулов универзитет, беше на второ од 19 места.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1