Првиот Европеец заразен со смртоносниот вирус на ебола, 75-годишниот шпански свештеник Мигел Пахарес е во стабилна состојба во мадридска болница каде што беше пренесен во четвртокот наутро од Либерија, соопштија во четвртокот шпанските здравствени власти. Свештеникот Мигел Пахарес (75) од Шпанија е првата личност заразена од ебола која од Либерија е пренесена со воен авион назад во Европа на лечење. Утрово набрзина е сместен во карантин во мадридската болница, откако лабораториските наоди покажаа дека е заразен од смртоносниот вирус.
Свештеникот Парахес, кој лечел заразени пациенти во болница во Либерија, во Шпанија е пренесен заедно со сестрата Јулијана Бохи. Таа исто така е ја задржаа во карантин на изолираниот оддел на болницата „Карлос Трети“ иако не е заразена.
Во делот од зградата во кој нема други пациенти се наоѓаат и 12 членови на медицинскиот персонал кои работат во три смени.
„Пациентите пристигнаа добро, иако се малку дезориентирани. Двајцата се ставени во карантин“, соопшти мадридската болница, којашто го испразнила целиот шести кат кој е ослободен само за нив двајцата.
Тој пристигнал во Мадрид со авион на шпанското воено воздухопловство, со што Шпанија стана втора западна земја во која е примено лице заболено од ебола.
Претходно, двајца Американци заминаа во САД од Либерија и веднаш им бил даден серум против ебола која претходно не била тестирана врз луѓе. Нивната здравствена состојба сега се подобрува.
Американскиот претседател Барак Обама изјави дека е прерано тој експериментален лек да се испрати во Западна Африка каде што од овој вирус починаа околу илјада луѓе.