Еболата пребрзо мутира и ништо не може да ја запре?


Светската здрвствена организација на конференцијата за експерименталните методи за лечење на вирусот ебола објави податок дека оваа болест досега однела преку 1900 животи на афричкиот континент.

ebola343После овој експериментален третман, двајца американски државјани успеале да се излечат, додека еден либериски научник подлегнал под налет на смртоносниот вирус, иако го примил истиот лек.

На конференцијата во Женева присуствувале околу 200 стручњаци кои ја анализирале можноста за користење и ефикасност на експерименталниот лек.

Тие сепак предупредиле дека вирусот на ебола мутира со рапидна брзина, а засега се забележани дури 250 мутации, што борбата со вирусот ја прави екстремно тешка, практично невозможна.

Мутираниот вирус станува отпорен на лекови, и многу лесно се пренесува. СЗО предупредува дека еболата се шири многу брзо, и дека се забележани 400 нови случаи, што представува огромен пораст.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1