НАЈДОЛГ СУДСKИ ПРОЦЕС ВО ЕВРОПА – 43 години се суделе за наследството


Тројца браќа чекале 43 години за судот да им одреди колкав е наследниот дел од оставината што им ја оставил татко им. Иако постапката била замислена да трае најмногу шест месеци, сепак таа заглавила во судските лавиринти со децении откако секој од браќата почнал да докажува дека, всушност, придонел со својот труд и со вложувања во богатството на таткото.

55783-sudПо многу вештачења, променети судии, неколку првостепени одлуки, одлуки на Врховниот суд, паралелни управни постапки, најпосле била донесена конечна одлука. Пресудата жив ја дочекал само еден од трите браќа, кој кога почнал процесот, имал само 27 години со работно искуство неколку години, а во времето на пресудата веќе бил 70-годишен старец во пензија.

Ова не е приказна од македонски суд, иако звучи така. До правда и првостепена пресуда тешко се доаѓа и во државите на Европската Унија, од каде што доаѓаат и најголемите критики за бавното и неефикасно македонско судство. Горната приказна е, всушност, најдолгиот процес што се одвивал во суд во Велика Британија.

Постапката заврши во 2006 година, а почнала во далечната 1963 година како оставинска. Притоа не се работи за толку редок исклучок на децениско траење на спорови во Унијата. Така, еден од најдолгите процеси во Германија, уште една респектирана членка на Унијата, е оној што беше поведен против музичката група „Kрафтверк“. Постапката траеше цели 12 години, т.е. од почетокот на 2000 до декември 2012 година кога Врховниот суд на Германија ја донесе последната одлука и тоа во корист на „Kрафтверк“. Се работеше за тужба за авторски права на дел од песна од „Kрафтверк“, која беше пак дел од хип-хоп песна од средината на 90-тите. Овој процес не само што траеше долго туку се смета за еден од најзначајните во делот на авторските права и патентирањето во Германија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1