„Еден ден цел свет ќе биде Исламска држава“


За исламистичката милитантна група “Исламската држава во Ирак и Левант” (ISIL) се борат 50 Италијанци во чие регрутирање помогнал вахабистичкиот лидер од Босна и Херцеговина, Билал Босниќ, кој за италијанските медиуми потврдил дека и Ватикан е мета на Исламистите.

bilal-bosnic-520x292
„Ние муслиманите веруваме дека еден ден целиот свет ќе биде Исламска држава. Нашата цел е дури и Ватикан да стане муслиманско место. Јас можеби нема да го дочекам тоа, но ќе дојде тоа време”, изјавил Босниќ.

Федерико Ломбарди од папската канцеларија за односи со јавноста, вели дека “Ватикан не е премногу загрижен околу тоа”, бидејќи заканата не е сериозна. 

Меѓутоа, италијанскиот министер за внатрешни работи Филипо Бубико порачал дека Ватикан и Италија сепак се во реална опасност. Поради тоа издале предупредување за терористички напад. 

Особено изложени на ризик се амбасадите, црквите, железничките станици, пристаништата и аеродромоте. Италијанците пред неколку дена уапссиле пет лица осомничени за поврзаност со екстремистите од ИСИЛ.

Повеќето муслимански екстремисти се од Северна Италија каде што ги регрутира Билал Босниќ, наведуваат италијанските медиуми. 

Тој порачал дека еден ден целиот свет ќе биде една голема муслиманска држава, а тоа го вклучува и Ватикан.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1