Шеќерот е лош за јадење ама за низ дома чуда прави – еве за што е корисен


1. Го одржува цвеќето свежо

Додајте две лажички шеќер и две лажици алкохолен оцет во водата во вазна за долготрајна свежина на цвеќето. Шеќерот е добар за стебленцето, а оцетот го спречува развојот на бактерии.

sugar_spoonful-564x2722. Ја ублажува лутата храна

Млекото исто така делува, но ако не сакате да пиете млеко со ручекот или вечера може да употребите шеќер за да го ублажите чувството на горење во устата после лута храна. Прстофат шеќер ќе биде доволно. Не мора ни да го голтнете ако ја броите секоја калорија.

3. Лекува рани и инфекции

Ако ставите шеќер во гранули на воспалена, инфицирана рана и чир тој ќе ја убие бактеријата која го успорува заздравувањето и предизвикува хронична болка.

4. Прави пилинг на телото

Измешајте шеќер со бадемово или маслиново масло, а за пријатен мирис додадете неколку капки етерично масло по сопствен избор. Втријте го на кожата и исплакнете под туш. Ќе ги отстраните мртвите клетки и ќе добиете глатка и нежна кожа како на бебе.

5. Ги отстранува флеките од трева

Ако се плашите да користите избелувач, особено ако е збор за ткаенина која содржи повеќе бои, флеките од трева пробајте да ги отстраните со паста од шеќер и вода. Смесата нанесете ја на флеката и оставете да отстои еден час, а потоа исперете со чиста вода.

6. Ги прави усните помеки

За нега на суви усни, измешајте еднаква количина на шеќер и маслиново масло додека не стане густа смеса. Пастата нанесете ја на усните и оставете да отстои 30 сек. Избришете ги со влажна крпа и уживајте во усни меки како свила.

7. Ја чисти мелницата за кафе

Ако сте поборник на старата школа па сеуште сакате сами да си го мелете кафето, вашата мелница ќе работи подолго и подобро ако ја чистите со шеќер. Освен тоа, ќе го апсорбира мирисот на остаток од зрната кафе и зачини кои ги мелете. Едноставно истурете шеќер во мелницата и мелете го неколку минути.

8. Го смирува изгорениот јазик

Исто како што го ублажува чувството на горење после лута храна, помага и во смирување на изгорен јазик. Истурете малку шеќер на изгорениот дел и болката би требало веднаш да исчезне.

9. Ги чисти рацете од маснотии

Ако сапунот не е доволен, мрсните раце исчистете ги со мешавина од иста количина на маслиново масло и шеќер. Трлајте ги дланките една од друга и кога ќе почувствувате дека не се повеќе мрсни темелно измијте ги со вода.

Faktor.mk

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1