majmuniНа Флорида во моментот има околу илјада диви Ресус мајмуни од кои повеќето се носители на Херпес Б вирусот. Вирусот не предизвикува сериозни симптоми кај заразените животни, но кај луѓето може да предизвика оштетување на нервниот систем или смртоносно воспаление на мозокот.

Мал број од овој вид на мајмуни се населени на Флорида уште во 1930 година. Тогаш биле увезени со намера да го збогатат животинскиот вид во националниот парк Силвер Ривер, но мајмуните набрзо почнале да пливаат до брегот и да се населуваат на копно.