Сојузната американска држава Флорида долги години има сериозни проблеми со инвазија на различни животински видови, од инвазија на бурмански питон до кубански жаби. Најновата инвазија претставува вистинска опасност за жителите на овој полуостров – диви мајмуни заразени со херпес.
На Флорида во моментот има околу илјада диви Ресус мајмуни од кои повеќето се носители на Херпес Б вирусот. Вирусот не предизвикува сериозни симптоми кај заразените животни, но кај луѓето може да предизвика оштетување на нервниот систем или смртоносно воспаление на мозокот.
Мал број од овој вид на мајмуни се населени на Флорида уште во 1930 година. Тогаш биле увезени со намера да го збогатат животинскиот вид во националниот парк Силвер Ривер, но мајмуните набрзо почнале да пливаат до брегот и да се населуваат на копно.










