Еден од најсветлите мозоци на човештвото, д-р Стивен Хокинг, буквално ја разнесе светската научна заедница со својот говор на универзитетот во Кембриџ викендов, според телевизискиот канал S4C, цитиран од Bradva.BG:
Стивен Хокинг вели дека, врз основа на долгогодишните истражувања на универзумот, може да се заклучи дека тој е создаден од интелигентен разум или кажано со други зборови – универзумот е создаден од она што ние луѓето го нарекуваме Господ.
Хокинг тврди дека изолирал научен феномен во универзумот, кој го дефинира како “божествен фактор” -интелигентно “влијание” кое било достапно уште од создавањето на вселената и е исклучено да се спореди како случајно.
Благодарение на “Божествениот фактор” создаден е универзумот, како и сите производи – вклучувајќи го и раѓањето на животот на земјата.
Хокинг тврди дека без овој “виши разум” суштествувањето на што и да е би било невозможно, и соодветно, може да се заклучи дека фактор со одредено ниво на космички интелект е “креаторот на сè”.
Библијата пишува дека Господ го создал универзумот за 7 дена. Излегува дека истражувањата на генијалниот физичар докажуваат дека библиската легенда е базирана на вистина – „дизајнот” на вселената е создаден од интелигентен разум!
Стивен Хокинг ги фокусирал напорите во оваа насока, откако неговиот доведен брат Едвард паднал во клиничка смрт и потоа се вратил од „онаа страна“ со неверојатна приказна:
Секогаш сум го сакал брат ми, тој секогаш бил инспирација да се занимавам со наука. Малку е откачен, но неговиот чуден мозок има неверојатни способности.
Минатиот октомври, тој имаше ужасен инцидент, поради кој падна во клиничка смрт. Се врати од смртта како потполно променет човек.
Раскажа дека, во минутите во кои бил “во оностраното”, се убедил во постоењето на виши разум, којшто го создал универзумот и сè околу нас.
Бил сигурен дека она што луѓето го нарекуваат Господ навистина постои! Брат ми би бил последниот човек на земјата, кој би тврдел дека Господ постои, но, по тоа ужасно искуство, тој е апсолутно сигурен во присуството на виши разум, кој го контролира универзумот и нашиот свет.
Токму заради ова ги фокусирав своите напори на истражувањето на “божествениот фактор” – делот што недостасува во сложувалката за создавањето и “животот” на Вселената!
Колегите на Хокинг се, благо речено, изненадени од тврдењето. Во целина земено, мислењето на водечките научници е дека “божествениот фактор” е мит и тоа, дека најистакнатите меѓу нив ја бранат теоријата за суштествување на виши разум!
„Навистина не очекувавме таква изјава!”, изјави за новинарите Д-р Џон Бајрнс, шеф на катедрата по астрофизика во престижниот универзитет. „Навистина сум изненаден од тврдењата на Стивен. Ни даде сериозна тема за размислување!”
Во последните години Хокинг има споделено не една контроверзна теорија. Тој е сигурен во постоењето на вонземјани и дека е многу поверојатно тие да се агресивно настроени кон нас. Со оваа теорија истакнатиот научник одговара на најважните прашања на човештвото за сите времиња!
Преведе од бугарски: Мина Даниловска за Премин