Еден починат и 48 заболени од западнонилска треска во Србија


Во Србија е регистриран еден смртен случај и 48 случаи на заболени од западнонилска треска.

Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ објави дека до 13 октомври во Белград се регистрирани 34 случаи на заболени.

Западнонилска треска е вирус што се пренесува преку убод од комарец.

Оваа болест се карактеризира со воспаление на мозокот (енцефалитис) и по ништо не се разликува од другите видови енцефалитис, поради што е неопходно да се направат повеќе лабораториски тестови.

Овој опасен вирус не се пренесува преку контакт меѓу луѓето. Едно лице може да бидат инфицирано само ако е каснато од заразен комарец, а симптомите се јавуваат 3 до 14 дена по заразувањето. Болеста се манифестира со треска и главоболка, вкочанетост на вратот, дезориентација, кома, замор, конвулзии, мускулна слабост и парализа.

Околу 80 проценти од инфицираните поминуваат без симптоми, додека другите имаат полесна клиничка слика.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1