Бразилките кои за време на бременоста заболеа од Зика вирусот а нивните деца се родија со микроцефалија, основаа здружение-“Oбединетите мајки на ангелите”
Ванеса Оливеира(36) е една од основачките на здружението . Таа ја раскажува потресната приказна , како заболела од Зика вирусот и какви биле последиците. Според нејзините тврдења, кога ја каснал комарец и се појавило црвенило и прво мислела дека се работи за обичен убод од комарец, а потоа открила дека ефектите биле многу посериозни.
Нејзината ќерка Марија Клара е родена со аномалија, микроцефалија, а нејзиниот череп и мозок се недоволно развиени. Ова e една од најтешките последици кој го предизвикува вирусот Зика, кој ја покоси Јужна Америка.
-Мислев дека се работи за најобичен осип, кој набрзо ќе помине. Лекарите внимателно ја следеа мојата бременост, но никој не предвиде дека бебето не се развива правилно, вели Ванеса.
Околу петтиот месец на бременоста, Даниел Фереира дос Сантос паднала болна, со висока температура и лути црвени дамки на нејзината кожа. Набргу закрепнала. Но неколку недели подоцна, кога отишла во болница на предпородилен преглед, ѝ била соопштена ужасна вест: Бебето кое го носела најверојатно добило сериозно мозочно оштетување.
На Сантос и бил дијагностициран вирусот Зика, а таа смета дека вирусот е одговорен за дефектот на нејзиниот син и огромната штета врз нејзиниот живот.
Живеејќи во Ресифи, во Пемамбуко, североисточна држава во Бразил, таа се наоѓа во епицентарот на епидемијата Зика, а Педро е 4000 случај на микрокефалија кој би можел да биде поврзан со вирусот, иако сѐ уште не е докажана врска помеѓу двете појави.
Кога Хуан Педро дос Сантос дошол на свет во декември, обемот на неговата глава изнесувал само 25,4 сантиметри, дваесет отсто помалку од нормалното.
-Од самото раѓање, Педро речиси цело време плаче без престан, како што прават многу бебиња со микрокефалија. Запира само на неколку часа додека спие, вели Сантос.
За време на тие скапоцени часови на мир, Сантос ги става нејзините прсти близу неговите гради, за да има за што да се фати, во спротивно почнува да се штипе себеси и се буди. Нејзиниот сопруг се нервирал од постојаното плачење на бебето, бидејќи тоа му пречело да си го гледа своето телевизиско шоу.
Исто така, тој многу бил разочаран затоа што му се родил несовршен син. Така, неколку недели откако Педро пристигнал во својот дом, неговиот татко си заминал. Со него си го зел и телевизорот со рамен екран кој претставувал централен дел од живеењето во нивниот малечок скромен дом.
Засегнатите мајки бараат материјална помош од владите во јужноамериканските земји. Микроцелафијата и опасностите од Зика вирусот беа откриени кон крајот на 2015-та година.