Дваесет и двегодишниот А.А. од Порој им подлегнал на повредите здобиени во вооружена пресметка што се случила синоќа околу 22 часот во угостителскиот објект „Бар Код“ во Тетово. Во пресметката се повредени уште 11 лица, меѓу кои и случајни минувачи.
Шестмина од повредените се хоспитализирани во Скопје. Тие се здобиле со повреди претежно во долните екстремитети. Четири лица се со телесни повреди и на нив им е укажана помош во болницата во Тетово.
Полицијата трага по уште едно лице за кое се сомнева дека учествувало во вооружената пресметка.
Синоќа е направен увид на местото и сега полицијата работи на расчистување на случајот.
Неофицијално, синоќа, едно лице од огнено оружје истрелало повеќе куршуми кон група лица што била во кафе барот.
Го убил поради девојка: Детали за пукањето во Тетово