Во изминатото деноноќие на подрачјето на Скопје се случиле вкупно 16 сообраќајќи од кои шест со последица материјална штета, осум со телесна повреда и две со тешки телесни повреди
Со полесни повреди се здобиле петмина возачи, еден сопатник и тројца велосипедисти.
Од тешките сообраќајни несреќи едната се случила во десет часот на улицата „Скупи“ меѓу „опел астра“ и мотоцикл при што со тешки повреди се здобил мотоциклистот.
Втората незгода се случила во 16 часот на улицата „Лука Ѓеров“ во која бил повреден пешак од „опел“.
Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште три незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европски извештај.
Во текот на вчерашниот ден санкционирани се и десет возачи кои возеле под дејство на алкохол, шест возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, 18 возачи кои возеле со неважечка или без возачка дозвола и четворица пешаци кои поминале надвор од обележан пешачки премин. На истите покрај поканата за глоба, дадена им е и покана за сообраќајна поука.
Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 60 возила.
За денеска, според полицијата, не се најавени вонредни настани.