Обдукцијата подоцна потврди дека пејачката и авторката на „Rehab”, која долго се бореше со зависноста од дрога и алкохол, починала од труење со алкохол.
„ Таа консумирала огромно количество алкохол, до 416 милиграми на децилитар крв, така што на тоа ниво ненамерна последица била моменталната смрт со несреќен случај”, оцени Сузан Гринвеј, задолжена за истрагата.
Оваа стапка алкохол во крвта е пет пати поголема отколку границата на пијанство.
Пред една година, нејзиното тело го пронајде чуварот кој ја оставил пет часа сама во собата. Ендрју Морис изјави дека најпрво мислел дека 27-годишната пејачка спие, но малку подоцна забележал дека таа воопшто не се мрда.
Постхумно објавениот албум, компилација од необјавени песни, „Lioness: Hidden Treasures”, објавен беше во декември 2011 година, и веднаш ги зазеде првите места на сите релевантни листи, а до сега е продаден во 1,7 милиони копии.
Од смртта на Ејми, до денеска, татко и Мич, се посвети на хуманитарна работа и пишување на книгата „Ејми, ќерка” (Amy, A Daughter), во која го опишува нивниот однос. Заработката од мемоарите ќе биде ставена на располагање на фондот Ејми Вајнхаус.
Британската пејачка Ејми Џејд Вајнхаус е родена на 14-ти септември 1983 година, во областа Саутгејт во северен Лондон. Нејзините родители се развеле кога таа имала девет години и за Ејми тоа претставувало страшен емотивен удар. Наскоро нејзината мајка се премажила, а таа станува третото дете во семејството.
На десетгодишна возраст Ејми со посестрата Џулиет Ешби ја формирала рап групата Sweet ‘n’ Sour, а на 12 години се запишала во Театарското училиште на Силвија Јанг (Sylvia Young Theatre School), од каде по две години била исклучена поради недостиг од внимание и лошо поведение.
Големиот шоу-бизнис ја откри Ејми Вајнхаус во 2000 година, кога таа имаше само 16 години. Благодарејќи на пријателот поп пејачот Тајлер Џејмс, нејзините демо снимки дошле во рацете на менаџерите од „Island/Universal”, кои барале млади џез вокалисти. Таа потпиша договор и почна да настапува како професионална пејачка.