Научници од Австралија ја тестирале исхраната со низок внес на јаглехидрати и високо внесување на масти врз глушец во период од осум недели, а резултатот е зголемување на телесната тежина за 15 отсто и двојно зголемување на мастите.
„Палео диетата“ може да предизвика зголемување на телесната тежина и да биде една од причините за добивање на дијабетес, открила една нова студија, но веднаш не нашла на мета на оспорување, пишува британски „Telegraph”.
Со предупредувањето луѓето да ги избегнуваат диетите кои се базираат на внесување на масти, истражувачите од Универзитетот во Мелбурн рекле дека исхраната со низок внес на јаглехидрати, а високи масти, е всушност опасна по здравјето, покрај тоа што со неа нема да ги изгубите килограмите.
„Ни беше кажано да јадеме нула јаглени хидрати и доста масти во „Палео диетата“. Ние со моделирање се обидовме да го изимитираме тоа, но не видовме позитивни резултати. Всушност, тие беа лоши. Крајниот резултат е дека високиот внес на масти не е добар, бидејќи таквите диети стануваат сè попопуларни, а не постои научен доказ дека тие се успешни“, вели професорот Соф Андрикопоулос.
„Палео диетата“ за прв пат се појавила во 2001 година од страна на докторот Лорен Кордаин и оттогаш е масовно популарна во Америка. Професорот од одсекот на здравје во Универзитетот во Колорадо, вели дека луѓето треба да го јадат она што го јаделе и пештерските луѓе – месо, овошје, зеленчук, семки, а дека треба да ја избегнуваат модерната храна – шеќерот и преработуваната храна.
Но, една од последните студии за оваа диета која била извршена на експериментален глушец, покажала дека тој станал нетолерантен на глукоза, имал зголемено ниво на инсулин во крвта и двојно му се зголемил процентот на масти. Студијата е објавена во “Journal Nutrition and Diabetes”, но резултатите се оспорувани од страна на корисниците на „Палео диетата“, меѓу кои е и готвачот Пит Еванс.
„Медиумите и здравствените организации уште еднаш се фаќаат за сламка. Овој пат, студијата е извршена на глушец – да, на глушец! Вие мора да си го поставите прашањето… кој ги финансира овие студии, дали овој Универзитет или професор имаат било каква врска со било кое фармацевтско или мултинационално финансирање?“, напишал познатиот готвач на Фејсбук.
Професорот Андрикопоулос, експерт за дијабетес, ја бранел студијата, велејќи дека глувците ги делат гените со луѓето и имаат слична психологија.
„Мислам дека не можете да дадете бланко изјава дека диетата ќе биде корисна за сите и сметам дека околностите, луѓето, нивниот животен стил, нивниот режим на вежбање, нивниот генетски код се разликуваат и дека тоа многу влијае врз исхраната и здравјето. На пример, Пит Еванс е слаб тип кој вежба секој ден и има време да јаде органски работи. Некои луѓе го немаат тоа“, рекол тој за ABC.
Тоцка.ком.мк